Saturday, June 12, 2010

Предмет на општата методика

Општата методика опфаќа:

- историски развој на наставниот предмет за кој што е наменета методиката;

- целта и задачите на наставниот предмет во целина и најважните теметски области кои треба да се претстават барем во три нивоа како би биле поприлагодливи за учениците, нивните различни интересирања и интелектуални можности;

- методологија на науката која служи како подлога на наставниот предмет и научното транспортирање во наставниот метод;

- најприменетите наставни методи за наставата по соодветниот предмет со неопходна аргументација;

модели за користење на поедини наставни методи на егземпларните содржини кои можат да послужат како пример за употреба на тие методи за аналогна наставна материја;

- психолошки основи на наставата - се зема во предвид нивото на училиштето, разновидноста на градивото, можноста за позитивна мотивација;

- избор и распоред на наставна материја, користење на различни локации за реализација;

- специфични прашања за обработка на наставна материја (наведување на темите, содржините за кои што не е доволно користењето на методи и постапки и давање на неопходни насоки за обработка);

- различни облици за комуникација во наставата, со оглед на содржините и предвидените типови на наставни часови (наставна работа);

- можности за примена на различни дидактички системи на настава - хеуристичка, егземпларна, менторска, проблемска, програмирана, индивидуализирана, групна, партнерска, тимска - земајќи ги во предвид специфичностите на содржината (треба да се наведат неколку модели);

- практикување на различни облици на настава (фронтална, групна, работа во парови, индивидуална работа) во зависност од видот на содржините и поставените задачи;

- користење на наставни средства и модерна образовно-информациона технологија (ИКТ) во реализација на градивото на соодветниот наставен предмет;

- корелација на наставната материја со градиво од други наставни предмети (наведувајки ги темите кои треба да се поврзуваат со материјата од другите предмети, кои и како);

- карактеристики на вреднувањето на работата и успехот на учениците во соодветниот предмет поагајќи од специфичностите на градивото и местото на тој предмет во наставниот план;

- посебно градиво за работа со надарени ученици;

- начин на организирање на работата со учениците кои заостануваат.

No comments:

Post a Comment