Saturday, June 12, 2010

Модел на методика на мајчин јазик

Оваа методика треба да ги опфаќа следниве прашања/проблеми:

- целта и задачите на наставата по македонски јазик диференцирано се даваат во три нивоа за учениците според нивните сознајни можности;

- карактеристиките на научната методологија за проучување на јазикот и книжевноста и упатството како и во кои ситуации таа методологија може да се прилагоди со методските потреби на наставата;

принципи и критериуми за избор и распоред на наставно градиво;

- распоредот на наставното градиво врз основа на наставниот план и програма (глобално годишно планирање, потполно месечно и најконкретно седмично планирање при што наставникот првенствено води сметка за целите и задачите, а програмата му овозможува и самиот да бира текстови и примери со кои ќе ги поставува поставените задачи;

- психолошката основа (оспособување) на учениците за усно и писмено изразување (движење на погледот при читањето, говорните движења при читањето, односот помеѓу движењата на погледот и говорот, читањето и смислата на текстот, техниката на пишување на буквите, поврзување на знаците во зборот);

- усното изразување (квалитетот на говорот на наставникот, вежбите на учениците за правилен изговор на гласовите и зборовите, поправката на говорните мани, говорни вежби, дијалог, опис, расправа, прераскажување);

- воведување во литературата;

- писмено изразување (кои се условите за успешно совладување на писменото изразување, писмените вежби за совладување на навики за правилно пишување, улогата на препишување, диктатот, вежбањето за писмени состави - информативни, слободни);

- потполност за стекнување на култура на писменото изразување (набљудување и опишување прво на поедноставни па на посложени статистички предмети а потоа предмети и суштества во движење, опишување по сеќавање, прераскажување, опис на доживувања, изработка на рефлексивни состави);

- комуницирање во наставниот процес (наставникот треба да утрврди кои облици на комуникација ќе користи во разни ситуации што е условено од карактерот на содржините и типот на часот, односно задачите кои треба да се остварат: македонскиот јазик е предмет во кој учениците треба да го збогатат јазичниот израз и да стекнат говорна култура, а тоа може да се постигне ако учениците на часот зборуваат и пишуваат многу повеќе од наставникот. Мора да се користат сите облици на комуникација, а особено комуникација во која што учениците се активни и во која информацијата тече од сите правци и сите канали);

- поврзување (корелација) на наставните содржини со градива од други предмети (треба да се одреди кои содржини од македонскиот јазик би можеле да се поврзат со теми од другите предмети, на пример со музиката, ликовната култура, историја, граѓанска култура...);

- користење на различни облици на наставна работа, поради остварување на поставената цел и задачи (наставникот треба да ги одреди облиците на наставна работа - фронтална, групна, работа во парови, индивидуализирана, во зависност од содржините, настојувајќи притоа учениците да бидат сè поактивни, и наставата да биде сè поразновидна);

- примената на различни дидактички системи (македонскиот јазик овозможува во реализацијата на задачите да се користат различни дидактички системи. Хеуристичката настава може успешно да се применува и на јазични и на книжевни содржини. Програмираната настава е многу погодна за обработка на многу граматички категории);

- вреднувањето на наставата и успехот на учениците (вреднувањето мора да биде составен дел на секој наставен час и сите наставни активности. Наставникот во секој момент треба да има повратна информација за тоа како и колку учениците ја разбрале наставната материја. Поради тоа треба да се користат различни облици на вреднување: петминутно испитување, тестови, контролни прашалници, задачи. Во македонскиот јазик , многу повеќе отколку и во било кој друг предмет, наставникот при вреднувањето на наставата треба да земи во предвид повеќе компоненти - усно изразување, писмено изразување, знаењето на граматиката и парвописот, естетиката...);

- дополнителна работа (овој вид настава не треба да биде организирана и реализирана за сите ученици кои заостануваат, туку во зависност од нивото на знаења на учениците, се формираат групи во кои се вежбаат оние содржини за кои учениците заостануваат;

- додатна работа (за додатната работа се определуваат ученици со натпросечни способности и интересирања и тоа од IV до VIII одделение на основното училиште. Тоа се тие ученици кои што наставникот ги забележал уште во првите три одделенија. Наставникот го планира времето за додатна работа - обично еден час неделно во текот на целата учебна година, а можно е организирање на концентриран курс во пократок период. За нив се прави посебна програма врз основа на интересите. Содржините од редовната програма се прошируваат и продлабочуваат. Оваа работа најчесто се диференцира и индивидуализира, водејки сметка за различните можности, потребите и интересирањата на надарените ученици. Со натпросечно надарените ученици може успешно да се работи и низ индивидуална, индивидуализирана и групна работа);

- да се утврдат причините во заостанувањето во читањето и пишувањето, затоа што тоа е универзален проблем;

- јазици во мултикултурна средина

No comments:

Post a Comment